Европските фудбалски гиганти си формираа „Супер Лига“, УЕФА се заканува со суспензии

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Фудбалските гиганти од Англија, Шпанија и Италија се согласија на формирање на т.н. „Супер Лига“, натпреварувањет кое ќе биде надвор од УЕФА натпреварувањата и во кое ќе нема место за малите клубови.

Барселона, Реал Мадрид, Атлетико Мадрид од Шпанија, потоа Јувентус, Милан, Интер од Италија и од Англија екипите на Арсенал, Манчестер Јунајтед, Манчестер Сити, Ливерпул, Челзи и Тотенхем се „пронаоѓачи“ на ова натпреварување.

За претседател на „Супер Лигата“ е назначен Флорентино Перез, претседателот на Реал Мадрид, а за потпретседатели Андреа Ањели од Јувентус, Џоел Гејзер од Манчестер Јунајтед, Џон Хенри од тимот на Ливерпул и Стен Кроенке од Арсенал.

Засега германските гиганти Баерн Минхен, Борусија Дортмунд како и ПСЖ од Франција истакнаа дека нема да се натпреваруваат во „Супер Лигата“.

„Фудбалот повеќе нема да биде ист“, пишуваат англиските новинари. Тимовите се закануваат дека ќе го напуштат натпреварувањето од ЛШ уште од сега, а дури четири тимови се во завршницата (Реал Мадрид, Челзи и Манчестер Сити).

Се огласија и од УЕФА. Тие истакнаа дека ќе го спречат секој обид за формирање на таква Лига, и се заканија дека ќе ги суспендираат клубовите, како и играчите кои играат во тие тимови, со тоа што нема да им дозволат да играат во репрезентациите на престојното Европско првенство.