Цената на нафтата „Брент“ денеска се зголеми на речиси 110 долари за барел, додека европските берзански индекси бележат нерамномерни движења. Инвеститорите ги следат кварталните деловни резултати на компаниите, како и политичката ситуација во Франција, која се одразува и врз растот на приносите на државните обврзници.
Цената на нафтата „Брент“ во 9:30 часот порасна за 0,89 проценти, достигнувајќи 109,779 долари за барел. Американската лесна нафта WTI поскапе за 0,83 проценти, на 98,634 долари за барел.
Аналитичарите очекуваат добивката на компаниите од паневропскиот индекс STOXX 600 да порасне за околу 20,7 проценти на годишно ниво во третиот квартал од 2026 година, пренесува „Ројтерс“.
