Европските индекси во пад, цените на нафтата и златото пораснаа

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Европските берзански индекси денес се претежно во опаѓање, цените на нафтата, златото и пченицата се зголемија, додека инвеститорите ги следат новите тензии во трговскиот конфликт меѓу Кина и Соединетите Американски Држави.

Кина ги отфрли обвинувањата од Белата куќа дека го прекршила трговскиот договор од Женева и го обвини Вашингтон дека не го почитува договорот.

САД, по преговорите во Женева, последователно воведоа повеќе дискриминаторски ограничувања против Кина, вклучително и издавање упатства за контрола на извозот на чипови за вештачка интелигенција и запирање на продажбата на софтвер за дизајн на чипови, а најавија и откажување на визите за кинеските студенти, според денешното соопштение на Министерството за трговија на Кина, објавено од „Глобал тајмс“.