Не е во ред билатералните прашања да ја кочат Северна Македонија во процесот кон ЕУ, рече во изјава за ТВ21 претставничка за надворешна и безбедносна политика пред почетокот на шестиот состанок на Европската политичка заедница во Тирана.
„Па, да, секако, имаме и разговорите со Северна Македонија. Мислам, Северна Македонија прави добар напредок. И мислам дека не е во ред билатералните прашања да ја кочат Северна Македонија во процесот на пристапување кон ЕУ“, вели Калас.

Премиерот повтори дека Македонија е единствена земја жртва на билатералните прашања.
„Очекувањата се Европа да се држи до европските принципи тоа се, европските вредности. Неутралните прашања да се надвор од процесот на пристапување, а се суди според постигнувањата, реформите и според копенхагенските критериуми. Македонија е единствената земја жртва на билатералните прашања како што ниту една држава која што пристапувала, пристапила или допрва ќе пристапи.“, рече Мицкоски.

Лидерите од Лондон до Киев и Осло до Анкара се собраа на шестиот состанок на Европската политичка заедница на темата „Нова Европа, нов свет“. Безбедносните предизвици и визијата за иднината на Европа се во фокусот на разговорите.
Домаќинот Еди Рама на колена ја пречека италијанската премиерка Џорџа Мелони.
„Тоа го прави висок колку мене“, рече Мелони.

Војната во Украина е меѓу приоритетните теми, а Мелони рече нема време за нови алтернативи, туку инсистирање за безусловно примирје.
Со денови Тирана се подготвуваше за премиери, високи функционери од 47 земји на европскиот континенет.
За сместување, преведувачи, обезбедување и цела организација на Самитот потрошени се 2,4 милиони евра.
