Езерото Треска во заборав – некогашното најатрактивно место во Скопје, сега обраснато со трева

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Езерото Треска во Сарај порано беше најатрактивното место за граѓаните во текот на топлите летни денови.

Посетителите се разладуваа и забавуваа.

Но, денеска изгледа вака.

Наместо со вода, сега е покриена со трева и се слуша само чврчорење на птиците.

„Езерото Треска порано беше место за забава и одмор на сите граѓани каде се собираа со семејството и пријателите да се одморат овде, додека сега, како што можете да видите, сето тоа е обраснато со трева“, вели репортерката на ТВ21.

Ова беше делот каде што порано имаше базени за деца, а сега овде се гледаат само урнатини.

Во 2013 година, општина Сарај доби ингеренции за ревитализација на ова езеро од Владата, потоа неколку пати беше ветено од поранешните градоначалници на општината дека ќе се среди, но безуспешно!

Пред 3 години Блерим Беџети рече дека се работи на овој урбанистички проект и рече дека повторно ќе биде ставен во функција, но очигледно ништо не е направено.

Сега Беџети за ТВ21 вели дека истиот се вратил во ингеренциите на Владата.

Инаку, ова вештачко езеро се наоѓа во општина Сарај, со површина од 136.000 м2 каде длабочината беше од 1,6 м до 3 метри. Овој рекреативен комплекс е изграден во 1978 година.