Фали едукација за заштита од пожари – зошто евакуација по скали во зграда може да биде замка?

НАЈНОВИ ВЕСТИ

За три минути во пожар може да изгори цела соба.

„Во моментов се гледа дека запален е само креветот и ќе видиме тука дека за неполни три минути ќе имаме целосно палење на просторијата каде што е највисокиот стадиум на пожарот“, вели Бобан Трпковски.

Деновиве пред 40 години на стадионот Бредфорд Сити во пожар загинаа 56 лица, а над 265 повредени.

Ми кажавте дека стадион може да изгори за 7 минути?

„5 до 7 минути“.

Што треба да направиме во вакви моменти?

„Во вакви моменти тешко е да се направи нешто искрено…

„Можеби најдобро е да се остане присебен…

„Да, да се остане присебен и што побрзо да се евакуира“.

„Евакуацијата е меч со две острици. Затоа што кога би имале слободен пристап до скали за евакуација тоа е во ред, но доколку се евакуираме по скали по зграда, обично тие први се задимени, затоа што се јавува ефект на оџак и доколку ние пробаме да се евауираме по скали, секогаш сме жртви“.

Искусните пожарникари проблемот го гледаат кај недоволната едукација.

„За жал едукацијата на граѓаните во Македонија е на многу ниско ниво. А сега во моментов дојдовме во состојба да е на најниско ниво“, вели Костадин Поповски.

При изградба на објекти потребно е да се внимава на материјалите кои ќе се користат, особено на вратите кои треба да издржат оган до два часа.