Фејсбук биткa помеѓу поранешниот и актуелниот градоначалник на Скопје за снегот

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Синоќа актуелниот градоначалник на Скопје, Петре Шилегов, преку објава на својот Фејсбук профил, се пофали дека зимската служба активно ги извршува обврските за справување со снегот. Споделувајќи ја објавата тој напиша:

„Зимската служба на Град Скопје, превентивно излезена на терен. Се третираат високите точки од градот, мостовите, навозниците и подвозниците. Остануваме будни !!!Скопје, една поинаква приказна …“


Од друга страна пак поранешниот градоначалник на Скопје, Коце Трајановски на неговиот Фејсбук профил, објави фотографии од тоа какви биле улиците низ главниот град синоќа. Во својата објава истакна:

„Вака изгледаше Скопје ноќеска. Уште едно изненадување за Шилегов. Оваа зима два пати заврна снег и два пати ги изненади. Има ли кој да се грижи за градот или се е оставено само на себе ? “

Според УХМР, снегот ќе продолжи да паѓа во текот на денешниот ден, како и утре на повисоките места.

Синоќа ТВ21 известуваше и од автопатот Скопје-Тетово кој беше покриен со снег, а сообраќајот се одвиваше отежнато.