Фејсбук отстрани интервју со Доналд Трамп

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Фејсбук отстрани снимка од интервјуто со поранешниот претседател Доналд Трамп спроведено од неговата снаа Лара Трамп, велејќи дека секоја содржина „со гласот на Трамп“ ќе биде отстранета од платформата на социјалните медиуми.

Фејсбук трајно му забрани на поранешниот претседател да ја користи нивната платформа во јануари по немирите во Капитол.

Во вторникот, Лара Трамп, соработник на „Фокс њуз“, објави слика на која седи наспроти нејзиниот свекор на Инстаграм и ги покани следбениците на „Придружете ни се вечерва!“.

На група службеници на Трамп им била испратена е-пошта од вработен во Фејсбук, во која се вели дека секоја содржина објавена на Фејсбук и Инстаграм „со претседателот Трамп во моментов не е дозволена на платформите.

Интервјуто на крајот било поставено и на Фејсбук страницата на Лара Трамп, но подоцна истото било повлечено.

Инаку, Трамп најави формирање на неговата социјална мрежа.