За обвинетите во случајот „Монструм“, Обвинителството побарало информации од Управата за безбедност и контраразузнавање околу тоа дали некој од нив бил припадник на УЧК, изјави адвокатот Насер Рауфи во синоќешното издание на „Клик Плус“.
Тој додава дека овие информации биле побарани само за го отежнат обвинението и обвинетите да добијат повисоки казни.
„Во завршните зборови на Обвинителството, обвинителката за секој обвинет побара информации од тајните служи околу тоа дали некој од обвинетите е учесник во некоја криминална банда или терористичка организација. Јас знам дека само братот на Бедри, Фејзи, беше припадник, никој друг. За обвинителката ова беше момент за казната да биде повисока, бидејќи тој беше член на УЧК“, истакна Насер Рауфи.
Истите тврдења, адвокатот Рауфи ги изнесе и вчера во текот на завршните зборови.
Веднаш реплицираше обвинителката Фатиме Фетаи, која рече дека во ниту еден момент не го спомнала зборот УЧК.
„Зборот УЧК дали овој збор вие чесен Суде, целиот овој состав, сте слушнале да биде употребен од моја страна или од страна на било кој друг во постапката веќе скоро 3 години колку што трае оваа постапка? Ниту некој во оваа постапка е обвинет за членство во УЧК, ниту некому му се влошува неговата положба во оваа постапка заради евентуално негово претходно учество во УЧК“, посочи Фатиме Фетаи.
Фетаи рече дека она што го тврди одбраната во овие моменти може да предизвика разгорување на емоции и омраза, што во овие моменти не е пожелно. Но и покрај ваквата изјава во „Клик Плус“, Рауфи на рочиштето се согласи со обвинителката Фетаи.
„Ние имаме право на осврт на репликата, бидејќи во право е почитуваната обвинителка, сепак да не ги разгоруваме страстите“, додаде Насер Рауфи.
Во текот на емисијата „Клик Плус“, Рауфи повтори дека „Монструм“ е монтиран случај. Правникот Јетон Шасивари, пак, со став дека обвинетите се товарат само поради тоа што се Албанци, додавајќи дека без докажан мотив не може да има докажан тероризам.
