„Моментално ги користиме онлајн платформите и користиме две платформи. А во факултетот за информатика се користат и други платформи: зум, гугелмит, гугел едукејшен суит, и сме поврзани и со Микрософт платформа и алатките на Микрософт итн кои главно се користат од Факултетот за информатика“, истакна професорот Беким Фетаи во „EU click“ на ТВ21.
Тој посочи дека што се однесува до онлајн наставата во универзитетот се користи платформата гугл суит бидејќи се оценува дека е платформа која е полесна за користење за повозрасните професори кои немаат потреба од многу обука и е полесна за користење.
„Сите факултети одржуваат настава. Денеска имаше состанок Советот на ректоратот и известивме дека настава се одржува на сите факултети и нема застој. Моментално, единствениот застој е во неколку отсеки за практичниот дел“, додаде Фетаи.
