Фетаи: Во моментов сѐ уште не го победивме вирусот, па затоа не треба да ги загрозуваме граѓаните

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Претставникот на Алијанса за Албанците, Арбен Фетаи во „EU Click“ на ТВ21 истакна дека нема пад на новозаразени, а тоа значи дека не завршува пандемијата.

„Би сакал да ја земам за пример Франција која одржа избори на 15 март што предизвика голема стапка на заразеност, отколку пред првиот круг од локалните избори. Поради тоа, Франција беше принудена да го откаже вториот круг, бидејќи се покажа дека одржување избори во време на пандемија може да донесе двојно или тројно зголемување на бројот на новозаразени. Во моментов сѐ уште не го победивме вирусот, па затоа не треба да ги загрозуваме граѓаните“, посочи Фетаи.