ФФМ со поддршка за клубовите: Се укинува котизацијата за Втората лига

НАЈНОВИ ВЕСТИ

После 15 години се укинува котизацијата во Втората македонска фудбалска лига. Ова го објави претседателот на ФФМ, Масар Омерагиќ пред престојната сезона во ВМФЛ која започнува идниот викенд.

„2МФЛ без котизација. Важна мерка за поддршка на клубовите.

По речиси 15 години, клубовите од Втората лига за прв пат ќе се натпреваруваат без обврска за плаќање котизација.

Со оваа одлука правиме значаен чекор напред во создавање подобри услови за работа, финансиско олеснување и унапредување на натпреварувањето. Со оваа мерка, клубовите се ослободуваат од вкупен финансиски товар од 128.000 евра по сезона, што е директна поддршка и зајакнување на нивната стабилност”, напиша Омерагиќ.

Исто така ФФМ објави дека ФК Преспа е последниот учесник во Вторта лига, откако Беса се откажа од учество во натпреварувањето.