ФИФА дефинитивно ја исфрли Русија од баражот за Светско првенство, Полска директно во финале

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Светската куќа на фудбалот ФИФА, се одлучи и дефинитивно да ја исфрли фудбалската репрезентација на Русија од бараж натпреварите за пласман на Светско првенство Катар оваа година. Русија требаше на домашен терен да ја пречека Полска во полуфиналето, но сега Полјаците отидоа директно во финалето, и ќе го чекаат подобриот од дуелот Шведска – Чешка.

ФИФА се реши на ваков чекор поради нападот на Русија врз Украина. Претходно беше најавено дека сите руски репрезентации и руски клубови ќе бидат исклучени од УЕФА и ФИФА натпреварувањата.

Од друга страна, пак, ФИФА го уважи барањето на Украина да им го одложи бараж дуелот со Шкотска и истиот ќе се одигра во јуни, доколку се смири ситуацијата во оваа земја.

Претходно претседателот на Русија, Владимир Путин се закани дека доколку Русија биде исфрлена од Светското првенство во Катар, истото нема ни да се одржи.