Филхармонијата со „Кармина Бурана“ во Градскиот парк во Скопје, гости од Софија, Солун, МОБ и детскиот хор „Пиколо“

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Оркестарот на Филхармонија вечерва, со почеток во 21 часот во Градскиот парк ќе ја изведе музичко-сценската кантата „Кармина Бурана“ од Карл Орф, како завршница на концертната сезона „Без Филтер“.

Покрај оркестарот на Филхармонија на РСМ, учествуваат музичари од Софиската филхармонија, Државниот симфониски оркестар од Солун, хорот на МОБ, детскиот хор „Пиколо“ и хорот од Музичкото училиште од Солун.

Диригент е маестро Најден Тодоров (Бугарија), кој беше иницијатор на овој проект кој прво се реализираше во Софија, потоа во Солун, и сега, на 20 јуни и пред публиката во Скопје. Како солисти ќе настапат познатата сопранистка Ана Дурловски, тенорот Николас Спанос од Грција и Иво Јорданов од Бугарија. 

Со овој концерт, Филхармонијата продолжува со повеќегодишната пракса на настапи во Градскиот парк во Скопје, кои се исклучително популарни и посетувани од граѓаните.