Филипче: 70% од ново дијагностицираните се заразени со британската мутација на коронавирус

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Министерот за здравство Венко Филипче на прес конференција денеска посочи дека анализата покажала дека 70% од новодијагностицираните се заразени со новата мутација на коронавирусот.

„Сега сме во една ситуација во која има лесно зголемување на бројот на заразени. Тоа што сега не можеме да бидеме сигурни е тоа дали ќе биде тренд и ќе продолжи и понатаму или е само некој мини бран којшто се случува овие денови. Анализата на вирусот, односно геномската секвенца покажа дека 70% од вкупниот број на ново дијагностицирани се пациенти коишто се заразени од мутацијата, односно т.н. британскиот вирус“, вели Филипче.

Тој додаде дека викендов ќе се анализираат состојбите во одредени градови (Кавадарци, Прилеп и Охрид) и врз основа на тие анализи ќе се разгледа дали ќе има нови рестриктивни мерки.