Филипче: Ако ги немавме модуларните болници ќе нѝ се случеше италијанско сценарио

НАЈНОВИ ВЕСТИ

На новинарско прашање дали сега во оваа ситуација имаше потреба од изградба на модуларни болници, Венко Филипче кажа дека да не биле тие, немало да се изменаџира кризата, и дека сите земји го применуваат тој модел.

„Ова е модел без кој не само ние, туку и другите земји можеа да ја менаџераат кризата. Нема модел со кој што може да се направат толку многу болнички кревети за кратко време. Имавме обезбедено 700 кревети за 2 месеци и имаше каде да смесутваме пациенти што беше важно. Алтернатива беше италијанско сценарио каде што луѓето беа заглавени во автомобилите за итна помош и пред болниците и не можеа да се сместат.

И тоа е пример во целиот свет, каде се поставуваа модуларни болници. Преземавме мерки ги задолживме сите директори каде има модуларни болници да бидат проверени сите инсталации, струја, канализации, и сите потврдија дека се е во најдобар ред. Сега во овој бран има огромен број пациенти кои се лечат таму.“, кажа Филипче.