Владата донесе одлука од 1 јули да се организираат свадби и во затворено простор. За ова прашање министрите имаа различни ставови. Филипче сметаше дека рано е да се прават собири во затворени простории. Пред само неколку дена на прашањето од ТВ21 дали ќе бидат дозволени свадби, рече дека летово нема да има свадби во затворен простор.
Од друга страна, Министерот за економија, Крешник Бектеши, во почетокот на мај изјави дека рестораните за свадби треба да ги отворат вратите за организирање на прослави.
„И свадбените ресторани и рестораните кои организираат разни прослави, некаде кон крајот на овој месец или на почеток на следниот, ќе можат да почнат со работа“ истакна Бектеши.
Заменик министерот за здравство, Илир Хасани ја поддржуваше идејата за отворање на рестораните со затворен простор. Тој вчера истакна дека треба да се ублажат мерките за организирање свадби.
„Ние само кажуваме свадби, а собири во затворени простории може да имаат и многу други форми“, посочи Хасани.
Според денешната одлука од 1 јули 2021 свадби може да се организираат и во затворен простор со максимум 250 лица, но не повеќе од 40% од капацитетот на просторот.
Овие препораки следуваат по жалбите на хотелиерите, односно сопствениците на затворените ресторани, кои истакнаа дека се дискриминирани поради тоа што организирањето на свадби е дозволено само во рестораните со тераси или отворен простор.
