Медицинскиот кадар ќе се надополнува а болничките капацитети ќе се прошируваат. Министерот за здравство Венко Филипче при посетата на болниците во Штип и Струмица истакна дека болниците се преполнети па се прават припреми за отворање на дополнителни капацитети.
„Болниците се преполнуваат , во Скопје постепено и модуларното одделенние .Се прават припреми за болницата во Козле и дополнителни капацитети за Болницата во 8-ми Септември.“, рече Филипче.
Министерот изрази надеж дека ќе нема потреба од носење на пациенти во странство, но, како што кажа, се подготвува и такво сценарио.
„Гледаме дека насекаден во Европа разменуваат дури и праќаат од една во друга држава пациенти, се надевам дека нема да се случи такво сценарио, но и за такви моменти се спремаме.“, вели Филипче.
Доколку има потреба од ангажирање на дополнителен кадар, според него во иднина ќе се пренаменат и другите болнички капацитети, не само во инфективните туку и во интернистичките одделенија .Нешто што почнало да се практикува во болниците во Битола, Прилеп, Охрид .
Министерот за здравство не чувствува одговорност и нема да поднесе оставка која од него ја бара опозицијата. Ги повика да ја тргнат политиката настрана од борбата против пандемијата со Ковид-19..
„Имаа шанса да помогнат, но за жал одмогнаа и тогаш кога требаше да се потпише заемот. Сега сите 16 ковид центри ни доцнат. Да не се случеше тогаш таа блокада од тогашната заменичка министерка за финансии, сега сите Ковид центри ќе беа инсталирани во целата држава“, рече министерот.
Филипче нагласи дека од почетокот на кризата работат професионално и никогаш не се обиделе да внесат политиканство во било која од одлуките .
