Министерот за здравство Венко Филипче на денешната прес конференција, по новинарско прашање за состојбата на докторот Ѓорѓи Јота, кој синоќа беше прегазен од страна на малолетник, посочи дека има тешка повреда на главата.
„Доктор Јота има тешка повреда на главата. Се наоѓа на oдделот за интензивно лекување. Има нагмечување на мозокот и белите дробови и поставен е на респираторна машина. Сега се преземаат сите мерки на интензивно лекување“, вели Филипче.
