Филипче: Една сериозна причина за поразот на СДСМ е величествената кампања на ВМРО-ДПМНЕ темелена на лага

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Лидерот на СДСМ, Венко Филипче денеска на прес конференција го впери прстот кон ВМРО-ДПМНЕ во однос на нивниот катастрофален резултат на изборите.

Според него, причина за резултатите се лагите со кои што ВМРО-ДПМНЕ ја воделе предизборната кампања.

„Тие ветуваа повисоки плати, подобрување на нашата положба во однос на преговорите со ЕУ. Поверуваа луѓето дека никогаш нема да го користат името Северна Македонија и на бран на таква силна националистичка кампања која за жал видовме дека разгорува и меѓуетнички тензии, тие освоија толкав број на гласови. Сметам дека една сериозна причини за таквиот изборен успех на ВМРО-ДПМНЕ односно пораз на СДСМ, се должи на нивната величествената кампања темелена на лага“, порача Филипче.