Министерот Венко Филипче, денеска на прес-конференција по повод донирање на две амбулантни возила од Општината Чаир на Здравствениот дом – Скопје, зборуваше и за најновата ситуација со коронавирусот.
Тој уште еднаш истакна дека мора се биде внимателен, и покрај тоа што има пад на бројките на новозаразени.
„Треба да бидеме внимателни и покрај падот на бројките. И натаму сме со резерва, а не треба да се заборави дека сега почна и второто полугодие во училиштата“, рече Филипче, кој истакна дека испитувањето на примероци во лабораторијата во МАНУ, покажале дека не постои мутација иста онаква како во Велика Британија.
„Излегоа анализите на лабораторијата во МАНУ, каде што беше утврдено дека нема мутација на вирусот сличен на тој во Велика Британија. Вирусот кај нас е тој кој беше присутен во последните неколку месеци. Но и непостоењето на мутација не е причина да ги олабавиме мерките“, вели Филипче.
