Филипче им порачува на граѓаните: „Ризично е сами на своја рака да се лекувате од Ковид-19“

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Ризично е граѓаните сами на своја рака да се лекуваат од Ковид 19 а уште по ризично е сами да ги купуваат лековите на црно, изјави министерот за здравство Венко Филипче. Тој посочи дека нема доказ дека лековите Ремдесивир и Фавира помагаат во лекувањето на Ковид 19.

„Ниту еден од овие лекови не се докажани дека помагат специфично за новата болест. Тоа се лекови кои се докажани оти помагаат за други болести и ситуации. Така да не може да препишеме лекови кои не помагаат за конкретна диагноза“, изјави Венко Филипче – министер за здравство.

Апелира секој пациент да се консултира со матичниот лекар кој ќе одлучи каква терапија да прима.

„Никој не треба да посегне да бара лекови коишто не се докажани дека помагаат во лекувањето на Ковид-19. Уште во светот има огромен број на клинички студии коишто ипситуваат лекови. Сите знаеме дека специфичен и посебен лек за оваа болест нема. Се прави комбинација на постојните терпаии за некои други болести или сиптомите коишто ги дава оваа болест, а мора да знаеме и граѓаните да знаат дека има навистина широка лепеза на симптоми со коишто оваа болест може да се манифестира“, изјави Венко Филипче – министер за здравство.

Филипче потенцира дека постои унифициран протокол за лекарите за лекување на болните од Ковид-19. Објаснува дека нема еден терк на лекувањена оваа болест заради тоа што болеста се манифестира кај секој пациент различно. Секоја клиничка форма бара поинаков пристап всушност поинакво лекување и дозирање на лекови.Филипче од Штип најави дека градот  е меѓу приоритетните да има модуларна болница со оглед на  тоа што  има преоптовареност на  болничките капацитет, тој верува дека сите работи можат да се  завршат  до крајот на  годинава.Освен Штип, со иста динамика се работи и во  Струмица, Струга и Гевгелија.

https://youtu.be/Ist1BdDJxYE