Министерот за здравство Венко Филипче денеска на прес конференција, по новинарско прашање околу изјавата на српскиот претседател за бесплатна вакцинација на граѓаните на Македонија, го оцени како еден чин на добрососедство, кој го почитуваат.
Тој посочи и дека во тек се разговори со министерот за здравство на Србија, Златибор Лончар за тоа дали може да се организира нов пункт, кој би бил поблиску за ревакцинација на македонските граѓани.
Инаку, српскиот претседател Вучиќ вчера побара од српската Влада да им дозволи и Македонците да се вакцинираат бесплатно во Србија, со онаа вакцина која ја сакаат, а која е достапна во Србија, пренесе српскиот Б92.
