Филипче ја поттикнува вакцинацијата – лекарите да добиваат 30 денари за пациент, доколку се имунизираат 70%

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Матичниот лекар да биде награден со 30 денари по пациент ако надмине 70% на вакцинација од вкупниот број пациенти. Ова е новиот предлог на министерот за здравство, Венко Филипче за стимулирање на вакцинацијата. Овој предлог ќе биде разгледан в понеделник во Комисијата за заразни болести, а потоа ќе ѝ биде доставен на Владата, која ќе го каже последниот збор.

Комисијата за заразни болести ќе дискутира и околу можноста за дополнителни рестриктивни мерки поради ширењето на новата мутација Омикрон, откриен во Јужна Африка, а од кој неколку случаи веќе се регистрирани и во Европа.

Владата на седницата на 25 ноември не донесе одлука за предлогот на Комисијата за заразни болести за задолжителна вакцинација на здравствените работници и препорака за имунизација на јавниот и приватниот сектор и побара од Комисијата дополнителни анализи за предложените мерки