Филипче: Медицинските работници и здравствените капацитети во целосна мобилизација – никој нема да остане без здравствена заштита

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Опозицијата се жали на нетранспарентност – нема пристап до преговорите за решавање на спорот со Бугарија

Опозицијата се жали дека не знае ништо околу тоа како течат преговорите меѓу Северна Македонија и Бугарија,...

Протокол за одржување настани со медиумско присуство во услови на пандемија

Владата на Република Северна Македонија на денешната 25-та седница го донесе Протоколот за одржување настани со медиумско...

Опозицијата го блокираше Скопје, ВМРО-ДПМНЕ со услов до Заев: Да каже што договарал во Бугарија

Дел од централни улици во Скопје беа блокирани. Причината, протестот на опозиционата ВМРО-ДПМНЕ, поради случувањата и како...

И декември неизвесен за преговорите, Бугарија повторно ќе ја блокира Македонија?

Остана уште 7 дена до следната одлука на Европскиот совет за започнување на преговорите со Северна Македонија...

Словенија на врвот во Европа според неделниот број на смртни случаи од Ковид-19

Според статистиката на школата Оксфорд Мартин, Словенија е на прво место во Европа според неделниот број на...

Министерот за здравство доц. д-р Венко Филипче по деветтата седница на Советот за безбедност за актуелната ситуација со пандемијата на ковид-19 во земјава, на новинарско прашање истакна дека целиот клинички центар е во ситуација на мобилизација.

„Утрово имав состанок со директорите на сите интерни клиники. На списокот на лекари, на медицински сестри, практично се сите вработени лекари, медицински сестри од клиниките и по потреба ќе работат во дополнителните капацитети. Најпрво со оглед на тоа што модуларната болница е скоро исполнета, Институтот за белодробни заболувања и дополнителни болнички легла во рамките во повеќе интерни клиники. Во Клиниката за дерматологија, Клиниката за неврологија која што има пристап до централен довод на кислород. Во рамките на другите болници секаде се ослободени интерните одделенија и целосно е ставен кадарот во истата ситуација, мобилизација како тука во Клиничкиот центар“, потенцираше Филипче.

Тој рече дека дополнителни одделенија веќе се спремни и во Градската општа болница „8 Септември“ има доволно болнички легла, кадарот е спремен да работи со пациенти со Ковид-19.

„Граѓаните треба да бидат спокојни никој нема да остане без здравствена заштита, без лекарска услуга. Дозволете да апелирам да се почитуваат новите мерки. Вчера се изгласа измената на Законот за заштита на населението од заразни болести, мерките коишто се сега на сила се мерки коишто се практично имплементирани во цела Европа. Ограничениот капацитет на пополнување во јавниот превоз, задолжителното носење на маски на отворено, понатаму затворањето на угостителските објекти по 23 часот, препораката да се работи од дома и онлајн е нешто што доколку се почитува може сериозно да ја намали трансмисијата на вирусот“, изјави министерот Филипче.

.