Филипче: Можно е утре од Владата да биде побарано заострување на мерките

НАЈНОВИ ВЕСТИ

„Утре имаме состанок со Комисијата за заразни болести, и можно е после него да биде побарано од Владата заострување на мерките“, рече Филипче на денешната прес-конференција.

Ова доаѓа по денешните 72 нови случаи, што беше рекорд во нашата земја откако е почната пандемијата со коронавирусот.

„Со оглед дека бројот на заразени и натаму расте, и ќе расте во следните денови. Останува пикот на крајот на април кога очекуваме 2.000“, дополни Филипче.