Првата дама на САД, Меланија Трамп, денеска потврди дека, во рамки на посредувањето за прекин на огнот во градот Олешки, разговарала и со рускиот претседател Владимир Путин и со украинскиот претседател Володимир Зеленски.
„Разговаравме и потпишавме договор“, изјави Меланија Трамп во Палм Бич, по раното гласање на изборите за Конгресот на САД, пренесува „Њујорк пост“.
На прашањето дали ќе отпатува во Украина, таа одговори дека тоа допрва ќе го разгледа.
Нејзиниот сопруг, американскиот претседател Доналд Трамп, рече дека таква посета е можна. Тој додаде дека неговата сопруга постигнува подобри резултати од неговите специјални пратеници, Стив Виткоф и Џаред Кушнер.
