По еден месец отуство од јавноста, новинарите на он лајн средба со министерот Филипче. Најави промена на релативно стабилната епидемиолошка состојба што ја имавме во изминатиот прилично долг период. Секако, освен епидемиолошката стостoјба, јавноста ја интересира и неговата понудена оставка, која Заев не ја прифати. Сега, како што вели тој, не размислува за оставка.
„Не размислувам во таа насока“, посочи Венко Филипче.
Првичната истрага утврди дека пожарот во тетовската модуларна болница настанал поради електричен спој во продочжен кабел. Сепак, се уште никој не поднел одговорност за пропустите.
Според Филипче растот на новозаразените е очекуван и се должи вели тој на она што се случува во регионот, но не ги спомна масовните собири за време на предизборните митинзи, во кои учествуваше и самиот тој. Кај нас се хоспитализирани 518 пациенти на територијата на целата држава и околу 8 000 активни случаи. 1 068 деца се позитивни на вирусот од кои 23 се лекуваат во Козле , а две се на кислородна поддршка. Најмалото хоспитализирано е двомесечно бебе.
Од скринингот кој беше направен во училиштата на над 5000 ученици, 15 се позитивни.

„Епидемилошката состојба бележи зголемување на новодијагностицирани случаи во земјава почнувајќи од периодот некаде пред две недели. Анализите покажуваат дека процентот на новодијагностициарни случаи и минатата недела се зголемувал и е зголемен за 25 %“, додаде Венко Филипче.
Министерот вели дека има доволно вакцини, а тоа е пресудно во борбата против вирусот.
