Филипче очекува намалување на бројот на заразени во текот на летото, но и нов бран наесен

НАЈНОВИ ВЕСТИ

„Сега следуваат летните месеци во кои очекувам намалување на бројот на заразени“, рече Филипче кој напомена дека во последните 5-6 дена факторот на пренесување на вирусот е под единица, со надеж дека така ќе остане.

„Ова го кажувам со резерва, но треба да се подготвиме за есен кога се очекува нов бран. Тогаш ќе бидат отворени училиштата, граѓаните повеќе ќе бидат дома, што ќе биде дополнителен ризик за ширење на вирусот“, напомена Филипче кој истакна дека граѓаните почнуваат да сфаќаат дека проблемот е сериозен, и се поголем број ги почитуваат мерките.