Филипче од Брисел: Европските социјалисти да го помогнат европскиот пат на Македонија

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Процесот на проширување не е само механичкo прилагодување на законите или административно исполнување на пристапните критериуми, туку процес од важно геополитичко значење. Ова го истакна претседателот на СДСМ Венко Филипче на обраќањето на Конференција во Европскиот парламент. Тој притоа истакна дека неопходно е Партијата на европските социјалисти и Социјалистите и демократите во Европскиот парламент да преземат активна улога во процесот на проширувањето на Европската унија. Филипче притоа ја критикуваше Владата велејќи дека не е подготвена да продолжи со потребните уставни измени за започнување на преговорите, што според него го загрозува евроинтегративниот процес.

-Застојот само ги зајакнува авторитарните тенденции и ги зајакнува десничарските и екстремно десничарските политички сили во нивните земји, што оди на штета на демократскиот развој на овие земји. Сега е вистинско време социјалдемократите да го засилат процесот на проширување во кој предолго беа заложници поради инерција и немање визија, изјави Венко Филипче, претседател на СДСМ.

Наспроти критиките на Филипче, министерот за здравство Арбен Таравари пак во вчерашното издание на Клик плус рече дека премиерот Мицкоски од Брисел побарал гаранции за да нема други блокади во процесот на европскиот пат на земјава.

-Ако може да се најде решение за таа гаранција, која треба да ја дадат Брисел или Вашингтон Мицкоски вели: Да ги направиме уставните измени бидејќи ги имаме бројките но нивната приемна да биде откако ќе станеме членка на Европската унија затоа што тогаш веќе нема да може Македонија да се условува, изјави министерот за здравство, Арбен Таравари.

Македонија е пред вратите на Европската унија поради барањето на Бугарија за внесување на Бугарите во Уставот, но премиерот Мицкоски останува на ставот дека тоа може да го направиме сега но да важи по нашето членство во ЕУ.