Министерот за здравство Венко Филипче на денешната прес конференција истакна дека денеска во болницата „8-ми септември“ е пренесен апаратот за озонска терапија, односно озонирање на крвта што е една метода која се користи за третман на овие пациенти, пред се на најтешките пациенти.
Тој додава дека оваа метода се покажала како успешна во други земји.
„Тимот на анестезиолози направи детална анализа на обемната литература и заклучи дека треба да се направи обид и оваа терапевтска мерка да се аплицира за лекување на овие пациенти. Станува збор за метода со која се озонира една количина на крв која што се вади од пациентот и потоа таа се враќа во пациентот. За утре е закажана и првата екстракција на плазма којашто ќе се користи за третман на овие пациенти“, посочи Филипче.
