Еден од новите случаи на коронавирус во Македонија е притвореник од затворот „Шутка“ во Скопје кој почина вчера во утринските часови во затворот. Тоа го потврди и министерот Венко Филипче, откако обдукцијата покажала дека тестот за Ковид-19 е позитивен, иако тој официјално починал од срцев удар.
Министерот за здравство одговори што ќе се случува сега со затворениците во тој затвор, односно дали ќе бидат преместени во друга установа или пуштени во домашен карантин.
„Во моментов се прават епидемиолошки анкети, се испитува со кој бил во контакт со лицето, па потоа ќе се носат одлуки што понатаму“, рече Филипче.
