Филипче: Охрабрува намалувањето на бројот на заразени лица – „Да се вакцинираат родителите чии деца ќе тргнат на училиште“

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Од денеска почна вакцинацијата и во малата сама „Борис Трајковски“ во Скопје.

Граѓаните кои сакаат да се вакцинираат тоа можат да го направат без термин. Продолжува вакцинацијата и ревакцинацијата во другите скопски поликлиники и другите вакцинални пунктови на земјата.

Министерот за здравство Венко Филипче денеска упати апел до родителите чии деца ќе тргнат во градинка и на училиште да се вакцинираат, зошто само така ќе ги заштитат своите семејства, но и колективното здравје.

Додаде дека намалувањето на бројот на заразени охрабрува но се уште е рано да се направи некаква проценка.