Собранието ја продолжи кризната состојба за нафтата до 20 април 2027 година

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Собранието донесе одлука за продолжување на кризната состојба поврзана со можноста за нарушување на снабдувањето со нафта и нафтени деривати.

Мерката ќе остане во сила до 20 април 2027 година, односно уште шест месеци.

Одлуката беше усвоена на денешната 126. седница, на која пратениците разгледуваа и други законски и безбедносни прашања.