Филипче: Опозицијата сама се фати во лага

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Министерот Венко Филипче ги коментираше изјавите од опозициската ВМРО-ДПМНЕ за наводна уплата на околу 10 милиони долари на фантомска фирма во Хонг Конг за набавка на вакцини.

Филипче рече дека опозицијата сама се фатила во лага, и константно се служи со лажна вест.

„Опозицијата сама се фати во лага. Прво обвинуваа за уплата од 12 милиони евра. Јас јавно кажав за начинот на кој се обидувавме да стигнеме до вакцина. Тие пари беа уплатени, па вратени потоа и сето тоа е објавено на јавни финансии. Не е ништо спорно. Ваквите клевети не се соодветни, не одат во насока на ништо конструктивно. Сакаат да го поткопаат нашиоте легитимет пред Кина. И овој процес во последно време го темелат на ширење на лажни вести“, рече Филипче.