Филипче: Партизацијата на безбедносните агенции е сериозен ризик

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Претседателот на СДСМ Венко Филипче денеска оствари средба со претседателката Гордана Силјановска Давкова на која тој изразил загриженост и укажал дека треба да реагира за работи кои се во нејзини ингеренции, како што рече, пред се, „партизацијата којашто се случува во делот на безбедносните структури“.

Тие разговарале и за процесот на евроинтеграциите и најави дека СДСМ ќе ја поддржи секоја подобрена позиција што ќе ја обезбеди Владата.

„Изразив загриженост и укажав дека сметам дека треба да реагира за некои работи кои сметам дека се во нејзина надлежност и ингеренции. Тоа е пред сè е партизацијата која се случува во дел од безбедносните структури. Укажав на ризикот што сметаме дека може да биде многу голем, доколку настане фузија на двете безбедносни агенции а се продолжи со ваква партизација, имајќи предвид дека сме имале такво лошо искуство во минатото, една таква гломазна партизирана институција може да се злоупотреби“, рече Филипче.

Претседателот на СДСМ порача дека ваква форма на политички дијалог на претседателката треба да прерасне во редовни средби.