Филипче планира теренска вакцинација, на ден ќе се вакцинираат 15-20 илјади граѓани

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Од следната недела, повторно ќе започне масовната имунизација со поголем интензитет, бидејќи за време на овој викенд ќе пристигнат околу 500 илјади вакцини Синовак и 100 илјади Фајзер, изјави министерот за здравство Венко Филипче. Планира да се вакцинираат 15-20 илјади граѓани на ден во наредниот период, со што до крајот на летото ќе постигнеме колективен имунитет.

Во градовите каде што има мал број граѓани кои се пријавиле за вакцинација, министерот Филипче, планира да организира теренска вакцинација.

Вкупно 278.202 граѓани до вчера се вакцинирани на пунктовите за вакцинација низ целата земја. Првата доза на вакцината вчера ја примале 2.683 граѓани, а вкупно се вакцинирани 7.202 граѓани. 203.856 граѓани се вакцинирани со две дози на вакцината.