Министерот за здравство Венко Филипче, по новинарско прашање од ТВ21 за тоа колку загадувањето би било проблем во моменталната ситуација во која се наоѓаме, истакна дека точно е дека ПМ10 честичките овозможуваат поголема трансмисија на вирусот и во таа насока е и Законот кој беше вчера донесен во Собрание за задолжително носење на заштитна маска на отворено.
„Точно е дека има публикации кои укажуваат на тоа дека ПМ10 честичките овозможуваат поголема трансмисија на вирусот и во таа смисла е препораката, вчера донесена со измената на Законот, за задолжително носење на маски на отворено насекаде, прво затоа што е важно секој да го штити своето здравје, да се штити од настинки бидејќи многу ни се важни болничките капацитети и секако да се штити од загаден воздух“, посочи Филипче.
