Филипче: После бурата доаѓа сонце, овие рестриктивни мерки ќе донесат резултат

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Министерот за здравство Венко Филипче, на видео конференцијата организирана од Владата на тема: „КОВИД-19 Прашања и одговори: ретроспектива – коронавирус МК“, рече дека овие мерки се тешки, но мора да се издржат за доброто на јавното здравје.

„Сакам да им соопштам на граѓаните дека после бурата доаѓа сонце. Јасно е дека после ова ќе се смени целокупниот живот на секој од нас, на сите институции… Кога ќе попуштаат мерките, маркетите, рестораните и кафулињата ќе работат на дистанца, со внимание. Нема да биде исто, но дури сега гледаме дека мерките кои ги воведовме даваат и ќе даваат резултат на среднорочен и долгорочен план. Верувам дека сите граѓани се свесни со што се бориме, и дека мора да се издржи овој период за да го сочуваме она што ни е приоритет на сите нас, а тоа е здравјето“, рече Филипче.