Филипче: Повторно во Собранието ќе предложиме Закон за зголемување на минималната плата, бараме да се зголеми на 600 евра

НАЈНОВИ ВЕСТИ


СДСМ повторно ќе предложи закон за зголемување на минималната плата на 36.000 денари, односно 600 евра, најави претседателот на партијата и пратеник, Венко Филипче. Филипче рече дека ќе биде предложено и субвенционирање на придонесите за приватните компании, за разликата што ќе настане со зголемувањето на платите. Според него, предлогот доаѓа поради сè потешката економска состојба на граѓаните и зголемените трошоци на домаќинствата.

„Имајќи ја предвид ситуацијата, животниот стандард на граѓаните и секојдневната комуникација што ја имаме со нив, повторно во Собранието ќе го предложиме Законот за зголемување на минималната плата. Бараме минималната плата да се зголеми на 36.000 денари, односно 600 евра, со цел граѓаните барем малку да се опорават, да се подобри нивниот стандард и да се консолидираат семејните буџети пред тешките есенски месеци, кога се очекува да се зголемат сметките за електрична енергија и греење.“, изјави Филипче на денешната прес-конференција во Собранието.