Филипче: Процесот на теренска вакцинација ќе се одвива на територија на цела држава – медицински екипи ќе го посетат секое населено место

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Министерот за здравство Венко Филипче на својот Фејсбук профил објави дека медицински тимови од Здравствениот дон Пробиштип рано утрово започнале со вакцинација во село Турски Рудари, додека пак ЗД Валандово теренската вакцинација ја започнале од село Чалакли.

„Заинтересираноста на жителите е голема, а процесот на вакцинација се одвива одлично. Апелирам до граѓаните во што поголем број да се вакцинираат, вакцините се безбедни и ефикасни и единствен начин да се победи пандемијата. Процесот на теренска вакцинација ќе се одвива на територија на цела држава, медицински екипи ќе го посетат секое село, рурално населено место, населба“, додава Филипче.