Секторот за санитарна контрола на ЈП Водовод и канализација – Скопје, во периодот од 22.06.2026 до 26.06.2026 земал 189 примероци за физичко-хемиска и 189 примероци за микробиолошка анализа на вода за пиење од 43 мерни места во Градот Скопје, соопштија од ова јавно претпријатие.
„Согласно добиените резултати од испитувањата, сите примероци ОДГОВАРААТ на Правилникот за барања за безбедност и квалитет на водата за пиење (Службен весник на РМ, бр.183/18)“, се вели во соопштението.
ЈП Водовод и канализација – Скопје го објавува неделниот извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиење, добиен од анализите спроведени во Секторот за санитарна контрола, со цел подобра информираност на граѓаните на град Скопје.
