Филипче: Рано е за отворање на градинките – се предлага отворање на казината и фитнес центрите

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Сѐ уште нема одлука за отворање на градинките. Иако скринингот на вработените заврши, министерот за здравство, Венко Филипче, рече дека сѐ уште е рано за нивно отворање поради новонастанатата ситуација и можноста за пренесување на вирусот меѓу децата, а потоа и меѓу нивните семејства.

Денеска Владата ќе одлучува за олеснување на мерките за други економски оператори кои беа затворени поради епидемијата.

Исто така, од денеска почнаа со работа угостителските објекти со посебен протокол изготвен од Комисијата за заразни болести.