Филипче: Сите здравствени услуги за лекување на Борче Лазаревски ќе бидат бесплатни

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Министерот за здравство Венко Филипче денеска истакна дека остварил средба со Борче Лазаревски од Охрид, и дека неговото лекување ќе биде бесплатно.

Лазаревски има вродено срцено заболување, а во следниот период ќе бидат направени сите испитувања за да се види како ќе се одвива лекувањето, вели Филипче.

„Утрово се сретнав со семејството на 11 годишниот Борче Лазаревски од Охрид, чија сторија беше неодамна објавена. Борче има вродено срцево заболување, а во наредниот период за него ќе се направат сите дијагностички испитувања по што ќе се одлучи на кој начин ќе се одвива понатамошното лекување. Сите здравствени услуги за Борче се бесплатни. Ќе направиме сѐ за да ја подобриме неговата здравствената состојба. “, напиша Филипче.

Утрово се сретнав со семејството на 11 годишниот Борче Лазаревски од Охрид, чија сторија беше неодамна објавена. Борче…

Posted by Венко Филипче on Monday, January 11, 2021