Филипче: Славете го Св. Никола без традиционалните собири

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Министерот за здравство Венко Филипче упати апел до граѓаните кои денеска го слават верскиот празник Св. Никола, со негрупирање во домовите да помогнат на здравствениот систем во борба со коронавирусот.

Тој информира дека се намалува бројот на хоспитализирани пациенти со ковид-19, но сите граѓани мора да помогнат за време на славите и празниците да не се групираат.

„Апелирам, овој празник денеска да го прославиме не како што знаеме традиционално со собири. Да останеме сите дома, да помогнеме со негрупирање да се надмине и овој ризик во склоп на оваа криза. Верувам дека новите мерки ќе дадат уште подобри резултати. Се намалува бројот на пациентите којшто се примаат во болниците и верувам дека граѓаните со својата свест и совест сериозно ќе помогнат на здравствените работници. Уште еднаш голема благодарност на семејството Јанчеви со тоа што покажаа како се негуваат семејните вредности, трета година по ред инвестираат таму кадешто е најмногу потребно, претходно во младите, во стипендии за образование, а сега во поддршка на нашите здравствени работници“, истакна Филипче.