Министерот за здравство, Венко Филипче се огласи на „Фејсбук“ по повод последните случувања во земјава, и интервјуто на Зоран Заев за БГНЕС кое предизвика лавина реакции од јавноста.
Филипче ги поддржа политиките на Заев во изминатите три години, и напиша дека треба да продолжиме по овој пат и мудро да градиме пријателства.
„Премиерот Зоран Заев во изминатите три години донесе низа тешки, но целосно исправни одлуки со кои ја обезбедивме иднината за нашата земја. Тоа што тој и тимот го постигнаа во сите досегашни преговори, како и напредокот кој го направивме во ЕУ интеграциите се за најголема почит. Мора да продолжиме по овој пат и мудро да градиме пријателства штитјеќи ги нашите интереси и напредувајќи кон Европската унија. Досегашните политики на отвореност и дијалог решија децениски спорови и така мора да продолжиме“, напиша Филипче.
Премиерот Зоран Заев во изминатите три години донесе низа тешки, но целосно исправни одлуки со кои ја обезбедивме…
Posted by Венко Филипче on Thursday, November 26, 2020
