Филипче: Споделуваме само точни информации, нема простор за манипулација

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Венко Филипче денеска на прес-конференцијата напомена дека бројките со коронавирус кои што се изнесуваат кон јавноста, се точни, и дека истите се споделуваат и со официјалните претставници на СЗО.

„Не треба да се има ниту најмал сомнеж дека не се споделуваат точни бројки, не можат да бидат поинаку, тие ги споделуваме со официјалните претставници на СЗО, и нема простор за манипулација, а нема простор за манипулација од ниту една земја“, рече Филипче.