Филипче: Турција ќе ни донира 30 илјади вакцини „Синовак“

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Министерот за здравство Венко Филипче на својот Фејсбук профил посочи дека претседателот на Република Турција, Реџеп Таип Ердоган им соопштил дека ќе донираат 30.000 вакцини од производителот Синовак.

„Овој гест на солидарност е уште еден показател за искреното пријателство и соработка меѓу двете земји. Голема благодарност до турскиот народ и претседателот Ердоган“, пишува Филипче.