Филипче: Веројатно ќе треба и трета доза вакцина

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Министерот за здравство Венко Филипче, ја коментираше моменталната ситуација со вакцинацијата во нашата земја.

Филипче истакна дека во моментов во земјава има 300 илјади вакцини, додавајчи дека секоја недела пристигнуваат од 30 до 40 илјади вакцини на Фајзер.

„Имавме состанок со нив, со претставници на компанијата. Сите испитувања одат во насока дека ќе биде потребна трета доза, но чекаме да официјализираме“, рече Филипче.

Тој кажа дека вакцините штитат од тешка форма на болеста и од хоспитализација. Истакна дека само 9% од починатите биле вакцинирани.