Филипче: Во ковид центрите има доволно кревети, престојниот период може да биде зголемена потребата од хоспитализации

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Венко Филипче утрово имал редовна координација со директорите на Клиниките, на кои било разговорано за најновата ситуација со коронавирусот, како и за очекувањата во следниот период.

Министерот за здравство кажа дека во моментов низ ковид болниците има доволно кревети, и дека во следниот период може да дојде до зголемување на потребата на хоспитализации.

„Утрово на редовна координација со директорите на Клиниките разговаравме за болничките капацитети, состојбата на болните, актуелната епидемиолошка состојба. Во ковид центрите низ државата има доволно кревети за хоспитализација на пациенти, престојниот период може да биде зголемена потребата од хоспитализации, што бара сериозен пристап и коориднација која успешно се менаџира. Дополнителни капацитети за лекување пациенти со ковид има и истите може да се стават на располагање во секој момент. Доставата на терапија оди тековно и нема застој. Вирусот во моментов има широка инфекција, во постојана координација и комуникација сме и со епидемиолозите, остануваме да ја следиме ситуацијата и доколку е потребно да се дејствува со нови мерки тоа ќе го направиме.“, напиша Филипче.